Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, прогласи петдневна жалост по смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, објави BBC, додека Иранската студентска новинска агенција (ISNA) објави дека Претседателските избори во Техеран, по загинувањето на претседателот Ебрахим Раиси, би можеле да се одржат веќе во јуни.
Ајатолахот Хамнеи во прогласувањето на петдневната жалост рече дека изразува сочувство до „драгиот народ на Иран“.
Во врска со претседателските избори, како можен датум се разговара за 28-ми јуни, додека кандидатите би можеле да почнат да се пријавуваат на 28-ми мај, пишува ISNA повикувајќи се на портпарол на изборното тело.
Кандидатите мора да бидат одобрени од Советот на старателите, тело составено од високи клерици и правни функционери кои можат да исклучуваат кандидати. Претседателот на Иран се избира на непосредни избори за четиригодишен мандат. Раиси беше избран во јуни 2021 година.
Претседателот функционира како шеф на владата, но не и како шеф на државата. Врховниот водач на Иран, во моментов тоа е ајатолахот Али Хамнеи, кој по консултации со своите советници го има последниот збор за сите стратешки прашања.
Раиси загина во хеликоптерска несреќа во планински регион во северозападниот дел на Иран, заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амирадолахиан. Државните медиуми потврдија дека тие загинале откако хеликоптерот со кој патувале се урнал во неделата.
Шеесет итригодишниот Раиси, главно во западните медиуми беше најавуван како наводно можен наследник на ајатолахот Хомеини. Во меѓувреме, потпретседателот Мохамад Мокбер е назначен да ги преземе привремените претседателски должности. Иранската влада го назначи и заменик-министерот за надворешни работи Али Багери Кани за вршител на должноста министер за надворешни работи.