Иран произведе 55 килограми збогатен ураниум

Иран произведе 55 килограми ураниум збогатен до 20 отсто, што се смета за висок процент и навести дека може да достигне производство од 10 килограми месечно, како што е пропишано со законот усвоен во јануари годинава, соопштија денеска иранските власти.

Оваа информација доаѓа еден ден откако Техеран и Вашингтон одржаа, како што обострано оценија „конструктивни“ индиректни разговори во Виена со цел да се најде начин за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, што Иран го постигна со светските нуклеарни сили, пренесува Глобал Тајмс.

Откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година, иранскиот конзервативен парламент усвои закон што ја обврзува владата да ги зајакне своите нуклеарни потенцијали.

Се смета дека ураниум што е збогатен за 20 отсто е високо збогатен ураниум и дека претставува чекор кон развој на нуклеарно оружје.