![iran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/iran.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Иранското министерство за здравство во понеделникот објави дека поради рекордно високиот број новозаразени и починати од коронавирусот поголемиот дел од земјата е во „црвена зона“, како и дека е можно да бидат подигнати полски болници доколку населението продолжи да не се придржува на епидемиолошките мерки.
Според Сима Садат, портпаролката на министерството, 26 од 31 иранска покраина се во „цррвената зона“, додека другите покраини се во „портокаловата зона“.
Во последните 24 часа забележани се нови рекордни 3.902 нови случаи, со што бројот на вкупоно потврдените случаи се искачил на 475.674. Исто така, во последното деноноќие починале уште 235 лица, исто како и на 28-ми јули кога беше забележан рекордниот број починати во еден ден, па севкупно бројот на починатите се зголеми на 27.192.
Иранските власти предупредија дека многумина не ги почитуваат правилата за носење маски, како и дена некои семејства ја искористиле самоизолацијата за да отпатуваат во родните места и ја прошириле заразата.
Од саботата на една седмица во главниот град Техеран затворени се џамиите, библиотеките, училиштата и другите јавни институции за да се запре натамошниот остар раст на случаите на Covid-19. Во другите градови и покраини се затвораат и музеите, кафулињата, фризерските салони и салите за вежбање.
Иран, исто така, ги забрани летовите во Ирак, за неговите граѓаните да не можат да заминат на масовниот годишен аџилак во Арбаин. Копнените границаи со Ирак, исто така, се затворени.