Во извештајот на иранската судска медицина за смртта на Махса Амимни се наведува дека девојката не починала од удари во глава или во телото, туку од откажување на повеќе органи предизвикано од церебрална хипоксија, извести во петокот официјалната новинска агенција IRNA.
Поради смртта на 22-годишната Амини, додека била во притвор на иранската полиција за заштита на моралот поради тоа што не ја прекривала косата со шамија, избија насилни протести посебно во курдскиот дел но и ширум Иран кои траат веќе две седмици.
Техеран за поттикнување на протестите во кои загинаа и повеќе од дваесет припаднии на полициските и безбедносни сили, ги обвинува западните и израелските тајни служби.
Таткото на Амини тврдеше дека девојката имала модринки на нозете и смета дека полицијата е одговорна за нејзината смрт.
Во извештајот на судската медицина дека нејзината смрт „не е предизвикана од удар во главата или екстремитетите“. Не се наведува дали воопшто имало удари и повреди. Во извештајот се наведува дека се струполила додека била во притвор поради „постојни болести“.
„Поради неефикасната кардио-респираторна реанимација во првите клучни минути претрпела тешка хипоксија и последично оштетување на мозокот“, се додава во извештајот.