Иран тврди дека испратил „конструктивен“ предлог за нуклеарниот договор, САД не се согласуваат

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека испратил конструктивен одговор на американските предлози за заживување на иранската нуклеарна програма од 2015 година со шесте светски сили, додека САД соопштија дека не се согласуваат со таа оцена.

„Текстот кој Иран го испрати има конструктивен пристап со цел да се финализираат преговорите“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Насер Канани, пренесува во петокот државната информативна мрежа IRIB.

Меѓутоа, американскиот Стејт департменти даде спротивна процена на содржината на иранскиот договор.

„Можеме да потврдиме дека гои примивме иранскиот одговор преку Европската унија. Го проучивме и ќе одговориме преку Европската унија, меѓутоа, за жал, не е конструктивен“, соопшти за медиумите претставник на Стејт департментот.

„Некои разлики се отстранети изминатите седмици, но останаа други“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Ејдриен Вотсон.

Во информацијата на IRIB се наведува дека иранскиот одговор му е испратен на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и одбранбена политика Жозеп Борел, кој ги координира индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

По 16 месеци посредни преговори меѓу Иран и САД, Борел на 8-ми август изјави дека ЕУ ја дала последната понуда за надминување на ќорсокакот во заживувањето на преговорите. На 23-ти август Борел рече дека повеќето држави вклучени во нуклеарните преговори со Иран се согласни со предлогот на Европската унија чијашто цел е да се спаси нуклеарниот договор од 2015 година, но дека го очекува одговорот од САД.

Иран преговара со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија и ЕУ, за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 година еднострано се повлекоа со барање да биде проширен и на иранската ракетна програма.

САД еднострано се повлекоа од иранскиот договор во мај 2018 година и го вратија децениските санкции против Иран, барајќи нов договор во кој ќе биде опфатена и иранската ракетна програма. Потоа Техеран, откако европските потписнички на договорот – Велика Британија, Германија и Франција не можеа да гарантираат заштита од американските санкции на иранската економија и ги повлекоа своите големи инвестиции од земјата, започна со постепено суспендирање на одредени свои обврски од договорот. Во прв ред тоа се однесување на нивото и количеството на збогатениот ураниум, што ги предизвика стравувањата дека Иран многу набрзо може да дојде до нивото од кое е лесно да се произведе никлеарно оружје.

Се чинеше дека договорот од 2015 година е речиси заживеан во март по 11-те месеци индиректни преговори меѓу Иран и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден водени и Виена. Меѓутоа, разговорите беа прекината откако Техеран бараше Вашингтон да даде гаранции дека ниеден претседател на САД нема да се откаже од договорот како што беше сторено претходно. Од Вашингтон одговорија дека Бајден не може да даде тавки цврсти гаранции, бидејќи не станува збор за правно обврзувачки договор.