Пратениците во иранскиот парламент ветија одговор врз воениот објект во градот Исфахан, изјави во средата членот на парламентарната комисија за надворешна политика и национална безбедност, Махмуд Абасзаде Мешкини.
„Нападот врз Исхафан нема да остане без одговор“, рече Мешкини во врска со изјавата на советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак, кој алудираше на можна вмешаност на Киев во нападот.
Како што рекол иранскиот парламентарец, Украина сега не си дозволува поотворени испади и напади, бидејќи „знае каков одговор“ ќе добие од Техеран.
„Тие многу се плашат. Затоа што ние не се шегуваме со никого (…) Како што оценивме, тие не кажаа ништо неочекувано. За нас не претставува изненадување што украинските власти заземаат таков став, бидејќи едноставно мора да заземат став кој е во согласност со хегемонијата на Западот“, истакна Мешкини.
Односите меѓу Киев и Техеран се заострени откако Украина и Западот го обвинија Иран дека наводно ѝ испорачува на Русија беспилотни летала и балистички проектили за нејзините напади врз украински цели. Техеран и Москва ги отфрлија таквите напади, а иранските власти потврдија дека испорачале дронови но далеку пред почетокот на војната.
По нападот во Исхафан, Подолјак на Twitter објави „Украина ве предупреди“, со што јасно стави до знаење дека нападот веројатно е поврзан со наводните ирански испораки на оружје за Русија.
Ноќта кон неделата на 29-ти јануари во градот Исфахан во централен Иран се случи солна експлозија во воен објект, кој според некои извори бил магацин за муниција на иранската војска. Според иранското министерство за одбрана, станува збор за неуспешен обид за напад со квадрокоптери натоварени со експлозив.
Иранската противвоздушна одбрана соборила едно од леталата, а другите две биле елиминирани од одбранбените системи на самиот објект и експлодирале. Западните медиуми објавија дека во овој инцидент веројатно се вмешани САД и Израел. Како што соопшти иранската војска во вторникот, со испитувањето на остатоците од дроновите е идентификуван производителот, но засега Техеран се воздржува од негово објавување.