Неколку луѓе се убиени откако непознати напаѓачи отворија оган за време на воената парада во југозападниот ирански град Ахваз, објави државната телевизија.
Неколку вооружени лица почнаа да пукаат за време на парадата. Неколку лица се убиени и повредени” изјави дописник за државната телевизија.
Со парадата се одбележува почетокот на Иранско-ирачката војна, која траеше помеѓу 1980 и 1988 година.