Иран нема да преговара со САД и нема изгледи за американски напад, одговори во петокот Иранската револуционерна гарда на понудата за преговори од американскииот претседател Доналд Трамп кој не исклучи воена опција насочена против Исламската Република.
Претходно во четвртокот американскиот претседател Доналд Трамп го повика иранското водство на разговори за негово откажување од нуклеарната програма и рече дека не може да ја исклучи опцијата од воен судир поради зголемени тензии меѓу двете земји. Во меѓувреме американската централна команда CENTCOM објави дека американските бомбардери од типот „B-52“ пристигнале во американската воен база во Катар и испраќањето на борбената група на носачот на авионит „Абрахам Линколн“ во областа на Блискиот исток го објасни како одговор на заканата од Иран.
„Нема да преговараме со Американците и Американците нема да се осмелат да изведат воена акција против нас. Нашатата нација… ја смета Америка за неверодостојна“, изјави во петокот Јадолах Џавани, заменик челник на Гардата за политички прашања, пренесе иранската новинска агенција Tasnim.
По петочната молитва илјадници Иранци излегоа на улиците да ја искажат поддршката за својата влада коај во средата реши да суспендира дел од своите обврски од меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година, што е одговор на американското истапување од договорот во мај 2018 година и проширувањето на санкциите против Техеран. Државната телевизија прикажа снимки од маршот на илјадници жители на иранската престолнина, но и од други градови во земјата. „Америка мора да знае, санкциите не дејствуваат“, извикуваа, а некои носеа транспарентни со пораката „Долу Америка“.
Потсетувајќи дека лани САД се повлекоа од нуклеарниот договор чии потписници уште се и Франција, Велика Британија, Германија, Кина и Русија и ги обнови санкциите спротивно на договорот, иранскиот амбасадор во ОН, Маџит Тат Раванши, реле дека Иран соработувал со шесте светски сили, вклучително и со САД, во рамките на нуклеарниот договор.
„И тогаш одненадеж, тој (Трамп) одлучи да ја напушти преговарачката маса…. Каква гаранција имаме дека тоа нема повторно да го стори?“, праша Раванши. Американските тврдења за наводна иранска закана ги отфрли како „лажни разузнавачки податоцои, и рече дека нив ги создале истите луѓе кои своевремено ја оправдуваа американската инвазија врз Ирак со тврдењето за наводното ирачко хемиско оружје, коешто подоцна се покажа дека не постои.