
Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда (IRGC) објави во неделата дека терористите стојат зад крвавиот напад од саботата во југозападниот град Ахваз кои ќе се соочат со „смртоносна и незаборавна“ одмазда во најблиска иднина, за убистото на 25 луѓе, од кои 12 припадници на Гардата, за што официјален Техеран обвини сунитски земји од Персискиот залив кои се сојузници на САД.
Нападот во саботата, којшто е најголем изведен против овие елитни единици, сигурно има цел да зададе удар врз безбедноста на Иран во периодот кога САД и неговите заливски сојузници се обидуваат да го изолираат Иран. Во минатото вакви напади изведуваа радикални припадници на курдското и сунитското малцинство за кои Техеран вели дека се финансирани од американските и израелските тајни служби, а во неделата одговорноста за нападот во Авхаз ја презема и ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава која изведе неколку помали терористички бапди изминатите години во Техеран.
„Имајќи предвид дека ги знаеме локациите на челниците на терористите… тие во блиска иднина ќе ја почувствуваат смртоносната и неаборавна одмазда“, соопшти Револуционерната гарда.
Се додава дека терористичкото злосторство извршено во Авхаз „од страна на бемислосните платеници на глобалните арогантни и реакционерни режими во регионот, откриваат дека заколнатите непријатели на Иран не штедат напори и коваат заговори за да внесат несигруност во земјата, откако не успеаја да ги постигнат своите застрашувачки цели“.
Револуционерната гарда порачува дека нема да се штеди во потерата на сторителите на терористичкиот напад во регионот и пошироко и ќе настојува да ги изведе пред лицето на правдата. Високите челници на Гардата сметаат дека нападот го извеле милитанти кои минале обуки во заливските арапски сунитски монархии и Израл, со помош на САД.
Четворица добро обучени и вооружени напаѓачи во саботата нападнаа присутни на воеана парада во Авхаз во богатата со нафта покраина Кузестан, кога беа убиени 25 лица и ранети уште 60. Според иранската државна телевизија, цек на нападот бил подиумот на кој биле ирански фунцкионери кои ја следеле годишната церемонија од одбележувањето на почетокот на Иранско-ирачката војна којашто траепе о 1980 до 1988 година, кога на страна на режимот на ирачкиот диктатор Садам Хусеин се бореа ткн ирански сунитски џихадисти, кои потоа беа сместени во камп покрај Багдад, а пред неколку години многумина од нив се префрлени во камп крај албанската престолнина Тирана, бидејќи во Ирак мнозинството население се шиитски муслимани кои доминираат и во Иран.
Иранското етничко арапско сунитско движење кое сега се нарекува Национален отпор на Авхаз ја презема оговорноста за нападот во кој беа убиени сите четворица напаѓачи. Терористичката групација се нарекува и ал-Ахвазија, чиишто регрути според Техеран се раштркани во неколку европски земји, вклучително и Холандија и Данска. Одговорноста ја презема и Исламската држава, но ниедна од двете групаци не даде доказ за нивните тврдења.
Врховниот ирански челник, ајатолахот Сајед Али Камнеи во саботата рече дека терористичкиот напад во Ахваз претставува продолжение на заговорите кои ги изведуваат американските платеници во регионот за да создадат несигурност во Иран, додавајќи дека иранските разузнавачки служби мора брзо да ги пронајдат соучесниците на „криминалците“ кои стојат зад нападот и да бидат судени.
Камнеи изјави дека „трагичниот и тажен инцидент во Ахваз и убивањето на луѓето од стран на наемничките терористи уште еднаш ја покажа суровоста на непријателите на иранската нација“.
Иранскиот претседател Хасан Роухани, исто така, рече дека неговата земја ќе даде силен одговор и на најмалата закана против неа. „Држави од Персискиот залив даваат финансиските, воена и политичка помош на овие групи“, истакна во неделата иранскиот претседател пред да одлета во Њујорк каде што ќе учествува на Генералното сопрание на Обединетите нации.