![irina-shajk-naslovna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/irina-shajk-naslovna.jpg?resize=640%2C398&ssl=1)
Ирина Шајк природна и без грам шминка се појави во Холивуд. Облечена во спортска облека, веднаш по напорниот тренинг таа отиде на ручек со пријателите.
Токму природниот изглед и помогна на Ирина Шајк да стане еден од најбараните модели во светот, а таа воопшто не се срамеше да ја покаже својата природна убавина кога се појави без шминка на ручек во Западен Холивуд.
Супермоделката изгледаше беспрекорно и го покажа стегнатото тело во спортска облека. Таа се појави само во црн спортски градник и хеланки, а мора да признаеме, 29-годишната моделка навистина има што да покаже.