Џиро д’Италија ќе стартува на 3 октомври

Велосипедска Обиколка на Италија ќе започне на 3 октомври годинава, соопшти Меѓународната велосипедистичка федерација (ЈСП). 103-тото издание на трката требаше да се одржи од 9 до 31 мај, но беше одложено поради пандемијата од коронавирус.

По презакажувањето, трката ќе започне од унгарскиот главен град Будимпешта, при што учесниците ќе поминат речиси 3.580 километри до финалето во Милано на 25 октомври.

Ова значи дека годинашниот Џиро ќе се совпадне со шпанската Вуелта, која ќе се одржи од 20 октомври до 8 ноември.

Првата од трите најголеми турнеи – „Тур де Франс“, ќе се одржи од 29 август до 20 септември.

Натпреварите по велосипедизам на автопатишта беа прекинати во средината на март поради пандемијата, а сезоната ќебиде обновена на 1 август.