Исчезна 14 – годишно девојче од Тетово. Случајот во полиција во текот на вчерашниот ден го пријавила мајката на девојчето.
Како што пријавила 44-годишната С.Б., мајка на исчезнатото 14 – годишно девојче од Тетово, за последен пат било видено во средата, на 12.08.2015 година.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.
Втор случај на исчезната малолетничка во две недели
Инаку, за нешто повеќе од две недели ова е втор случај на исчезнување на малолетно лице во државата. На 23-ти јули годинава 34-годишната С.И. во полициската станица Бит Пазар пријавила дека претходниот исчезнала нејзината шестнаесетгодишна ќерка.
Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во текот на месец јули најголем број на лицата кои исчезнаа беа малолетници.