Исчезнаа маж од Берово и девојка од Скопје

Полицијата во два одвоени слуачи трага по две исчезнати лица. Станува збор за маж од Берово и 20-годишна девојка од Скопје.

Вчера  во 13.20 часот во полициската станица во Берово, М.Н. (42) од село Двориште, пријавил дека во понеделникот околу 11.00 часот  од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат З.Н.(40). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 22.00 часот во Полициската Станица Бит Пазар, Е.Б.К. (55) од Скопје пријавила дека вчера околу 11.00 часот од дома излегла нејзината ќерка Е.К. (20) и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.