Навивачот на„Глазгов Ренџерс“, Џејмс Меклаклан, за кого вчера се прошири информацијата деке е исчезнат во Скопје е жив и здрав, објавија медиумите во Шкотска. Неговиот брат Колин Маклаклан, кој вчера на неговиот профил на Фејбук побара помош и информации за Џејмс, потврдил дека се слушнале и дека е на пат за Глазгов.
Постариот од браќата објави дека Џејмс завчера исчезнал во центарот на Скопје, по натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Глазгов Ренџерс“. Исчезнатиот последен пат бил виден на плоштадот, но наредното утро не дошол на аеродромот, па групата навивачи од Шкотска заминале без него. Според Конор, телефонот на Џејмс најверојатно бил испразнет, па не можел да искомуницира со него.
Двајцата во текот на ноќта искомуницирале па Конор објавил на Фејсбук дека Џејмс е на пат кон Глазгов и им се заблагодари на сите за подршката. Останува нејасно што се случувало со Шкотланѓанецот.
Од МВР потврдија дека не било пријавено негово исчезнување, што е нормално ако немало кој да го пријави, но и дека немало пријава за било каков инцидент во кој учествувал државјанин на Шкотска, ниту пак бил примен во некоја болница поради повреда.