Седумнаесет лица се водат како исчезнати еден ден откако големо парче од алпскиот глечер се скрши и се сруши на планина во Италија, беше објавено денеска.
Во лавината од снег, мразулци и камења загинаа шест лица, а девет се повредени.
Парчето мраз што се откина е познато како серак или врв на глечерот. Мармолада, која се издига на околу 3.300 метри, е највисокиот врв во источните Доломити.
Обвинителот од италијанскиот град Тренто, Сандро Раимонди изјави дека се верува дека се водат за исчезнати 17 планинари, пренесе италијанската новинска агенција Ла Пресе.
Националноста на повредените планинари се уште не е соопштена, а двајца од деветте повредени се Германци, меѓу кои e и еден 65-годишен.
Италијанските власти користат дронови за потрага по исчезнатите, бидејќи денеска е премногу опасно спасувачите со кучиња да се вратат на терен.
фото: Danas. rs