Двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во четвртокот во два одвоени напада вр полицијата во главниот град Тунис, при ште еден полицаец загина а неколку луѓе се ранети, а одговорноста за овие напади ги презема ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава.
Исламската држава ја презема одговорноста за нападите, објави во четвртокот вечерта новинската агенција Amaq, којашто ги шири информациите за оваа џихадистичка групација.
Нападите се изведени неколку месеци пред одржувањето на изборит, но и на вровот од туристичката сезона во којашто Тунис се надеваше да оствари рекорден број гости, по годините кои ја уништија оваа важна стопанска гранка за земјата по револуцијата од ткн Арапска пролет во 2011 година.
Во првиот напад цел била полицијска патрола на улицата којашто го носи името на легендарниот француску геенрал и претседаетл Шарл де Гол во центарот на градот. Во нападот еден полицаец е убиен, а најмлку уште еден е ранет, како и уште тројца цивили, соопшти министерството за внатрешни работи. Кусо потоа, следеше и вториот напад, кога напаѓачот се разнесе во близина на полициска станица во квартото ал-Горжани. Четири лица се рането, според министерството.
Полициските сили ги опколија локациите на кои се сличија нападите, а едната е 200 метри оддалечена од француската амбасада. Според очевидци, минувачите во брзина ги напуштале местата на нападите, додека телото на едниот напаѓач долго време лежело на местото. Според портпаролот на министерството за внатрешни работи Софиан Заак, напаѓачите сѐ уште не се идентификувани. Ги повика граѓаните да не ѝ подлегнуваат на паниката.
Тунис се справува со џихадистичките групации чиишто бази се во оддалечените области во близина на границата со Алжир, откако во 2011 година со исламистичкиот бунт беше соборен авторитарниот претседател ине Абидин Бен Али. Борбите и хаосот кои следеа ја разорија економијата на земјата, а џихадистичките напади врз туристите го прекинаа порано големиот извор на пари за земјата.