Исланд во петокот ја запре употребата на вакцината на американската фармацевтска лабораторија „Moderna“ против Covid-19 поради случаите на воспаление на срцевиот мускул, со што отиде чекор натаму од своите нордиски сосеи кои само ја ограничија употребата на оваа вакцина.
„Бидејќи снабдувањето со вакцината на Pfizer/BioNTech во земјата е доволна, главниот епидемиолог одлучи на Исланд да не се користи вакцината на Moderna“, објавено е на веб-страницата на Управата за здравствство.
Одлуката е мотивирана со зголемената зачестеност на миокардитиси и перикардитиси по вакцинирањето со вакцините кои се темелат на технологијата на информациската рибонуклеаинска киселина mRNA., прецизираше главниот исландски епидемиолог во соопштението.
Два месеца Исланда речиси исклучиво како допоителна „бустер“ доза ја користеше вакцината на „Moderna“ за Исланѓаните кои се вакцинираа со „Janssen“ кој ја се дава во една доза на американската компанија „Johnson&Johnson“, како и за постарите и имунокомпртираните лциа кои примиле две дози од другите вакцини.
Се очекува дека ваквата одлука нема да влијае врз кампањата за вакцинирање во островската држава со 370.000 жители, каде што 88 отсто од повозрасните од 12 години се целосно вакцинирани против коронавирусот.
Од четвртокот Шведска и Финска, исто така, ја суспендираа употребата на вакцината на „Moderna“, но само за побладите од 30 години, а Данска и Норвешка тоа официјално го препорачаа за помладите од 18 години, исто така, поради ретките случаи на миокардитие и перикардитис.