
Алсат го контактираше Исмет Гури за да ја добие неговата верзија на денешниот инцидент што му претходеше на протестите на членовите на семејството на Ел Чека, инцидент за кого братот и мајката на Ел Чека обвинуваат дека Исмет Гури ги нападнал. Сепак, Гури вели дека жртвата во инцидентот денес е тој. Тој рече дека купувал цигари во близина кога некој го удрил од зад грб и го оставил во несвест. Потоа, како што вели Гури, полицијата интервенираше да го заштити него од толпата и потоа бил испратен во болница.