Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти, исплати 230.1 милион денари за субвенции.
Како што соопштија од Агенцијата по три денари по килограм, добиваат градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. За оваа мерка денеска на 3.310 градинари им се исплатени 168,9 милиони денари.
Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка. Тие добиваат по 3 денари по килограм, односно, вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи.
Пари добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка се исплатени 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.
На сметките на 656 мали земјоделски стопанства утре ќе бидат исплатени над 14 милиони денари.
Од Агенцијата велат дека сите земјоделци кои законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште ќе си ги добијат срествата за мерките за кои имаат аплицирано.