Исповед на очајниот татко: Ги држев децата, но ми се лизнаа од прсти (ВИДЕО)

Исповед на очајниот татко: Ги држев децата, но ми се лизнаа од прсти
Исповед на очајниот татко: Ги држев децата, но ми се лизнаа од прсти

Луѓето почнаа премногу да скокаат од паника и бродот се преврте. Ја држев сопругата за рака. А моите деца… Ми се лизнаа од прсти. Ова е трагичната исповед на очајниот татко, чие семејство се удави во водите на Егејското Море, додека се обидувале во пренатоварен брод да го преминат патот од турскиот полуостров Бодрум, до грчкиот остров Кос.

Абдула ал Курди во ноќта помеѓу вторникот и средата го загуби целото семејство. Бродот со кој се обиделе да стасаат до Грција се превртел, а несреќниот Сириец остана без сопругата и двајцата синови.

Фотографиите на безживотното тело на малиот Ајлан, кој лежи на брегот, небаре како да спие, ја потресоа светската јавност, а еден ден потоа очајниот татко низ солзи раскажа што се случило таа кобна ноќ.

Исповед на очајниот татко: Ги држев децата, но ми се лизнаа од прсти
Исповед на очајниот татко: Ги држев децата, но ми се лизнаа од прсти

Тажната исповед на очајниот татко, ја пренесуваат речиси сите светски медиуми. Абдула признава дека ова бил втор обид на семејството Ал-Курди да стаса во Европската Унија. Првиот пат биле пресретнати од крајбрежната стража, пренесува „Дневни Аваз“, повикувајќи се на „Јутарњи“.

Вториот пат бевме измамени од организаторите. Им, плативме но тие воопшто не набавија брод, вели Абдула.

Тој појаснува дека потоа самите бегалци се организирале и набавиле некој брод.

На само 500 метри од плажата водата почна да продира во бродот. Нозете ни беа влажни. Колку повеќе навлегуваше вода, толку беше поголема паниката. Имавме појаси за спасување, но луѓето почнаа премногу да скокаат од паника и бродот се преврте. Ја држев сопругата за рака. А моите деца… Ми се лизнаа од прсти.

Очајниот татко вечерта не се предавал, иако во мракот неможел ништо да види.

Сите урлаа, но ништо не се гледаше. Неможев да ги пронајдам сопругата и децата. Почнав да пливам до брегот и ги следев светлата… А кога дојдов до брегот неможев да ги најдам сопругата и децата. Пред да тргнеме се договоривме дека ако нешто тргне наопаку, тогаш ќе се најдеме во болница. Но, таму дознав што се случило, вели Абдула.

Петгодишниот Галип и 3-годишниот Ајлан Курди биле патници на пренатоварениот брод
Петгодишниот Галип и 3-годишниот Ајлан Курди биле патници на пренатоварениот брод

Фотографијата на малиот Ајлан ал Курди како лежи на брегот на летувалиштето во Бодрум во Турција, вчера ја потресе светската јавност. Според многумина, фотографијата што вчера масовно беше споделувана на социјалните мрежи е најстрашната слика на векот.

Петгодишниот Галип и 3-годишниот Ајлан Курди биле патници на пренатоварениот брод со бегалци кои бегале од војната во Сирија. Сликите на безживотното тело на малиот Ајлан стојат како доказ за трагедијата на човештвото, но и човештвото во хуманитарната криза што светот веќе долго време ја нема видено.

Фотографијата што го шокира светот
Фотографијата што го шокира светот

Според претставници на турската морнарица, двата брода во кои имало вкупно 23 лица, одвоено испловиле од подрачјето на полуостровот Бодрум.

Меѓу оние што го загубиле животот има пет деца и една жена. Седум лица се спасени, а две успеале да испливаат до брегот со помош на појасите за спасување. Припадниците на крајбрежната стража велат дека изгледите за спасување на уште двете исчезнати лица се се помали.

 

За трагичната приказна на двајцата браќа бегалци повеќе на следниот линк.