Властите започнаа да го празнат пренатрупаниот бегалски камп на италијанскиот остров Лампедуза во близина на северноафриканскиот брег, а морнарицата во неделата утрото пренела 600 мигранти во Прото Емпедокле на Сицилија.
Бродот потоа се вратил на Лампедуза за да пренесе уште 600 лица. Преселувањето следеше како одговор на неодамнешните извештаи и инцидентите на островот. Во кампот кој е предвиде за престој на само 350 лица, кон крајот на минатата седмица имало повеќе од 1.800 мигранти.
Следната седмица се очекува доаѓање поголем број мигранти на островот, па властите настојуваат што побрзо да го испразнат и исчистат кампот на Лампедуза. Префектот на областа Агриџенто на Сицилија, кој е надлежен за Лампедуза, го одреди рокот до вторникот.
Извештајот за животните услови во кампот го предизвикаа гневот на јавноста. Имено, поранешниот градоначалник на Лампедуза, Џуси Ноколини објави на социјалните мрежи фотографии и видеа кои прикажуваат преполни канти за отпад, купишта ѓубре на патеките и луѓе како лежат на распаднати душеци на отворено. Меѓу мигрантите, исто така, има бремени жени и деца.
„Призорите би можело да бидат од Либија, но не – ова е Италија“, напиша Николини.
Флавио Ди Џакомо од Организацијата за миграции (IOM) во твит ситуацијата ја опишува како „скандал“. Додава дека не е „проблем бројот на мигрантите“ коишто пристигнуваат туку „лошиот систем за нивно распоредување“.
Италијанското министерство за внатрешни работи годинава забележало повеќе од 30.000 луѓе пристигнати во земјата со бродови. Оваа бројка ги вклучува и оние кои стасуваа на Лампедуза.