Во Истанбул припадниците на силите забезбедност употребиле солзавец против демонстрантите, кои протестираа против законот, што ја предвидува можноста за контролирање на корисниците на Интернет, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Станува збор за следење на активноста на поединечни корисници.
Органите на редот користеле солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите, кои инсистирале за оставката на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Речиси две илјади лица се собраа на централниот плоштад на градот.