Источниот брег на САД се подготвува за доаѓањето на ураганот Хенри

Источниот американски брег забрзано се подготвува за директен удар од ураганот Хенри со јаки ветрови и обилни врнежи коишто би можеле да предизвикаат голеби бранови и поплави опасни по жвотот, соопшти во саботата Националниот центар за урагани (NHC).

Бурата се засилува од саботата попладнето по локално време со ветришта со брзина од 120 километри на час, и се движи кон северот.

Според сегашната траекторија, Хенри во неделата би пртебало да ги погоди Лонг Ајленд, Њујорк или јужниот дел на Њи Ингланд, се наведува во соопштението на NHC.

Повеќе од 42 милиони жители од саботата се под предупредување за ураган или тропска бура. Делови од Лонг Ајленд и Њу Хејвен, како и Конектикат, се предупредени за можен удар на ураган или големи бранови. Други делови од Њи Ингланд, како Мартас Винјард о Натукет се предупредени на големи бранови и тропска бура.

„Оваа ситуација е опасна по животот. Лицата кои се наоѓаат во рамките на овие области би требало да ги преземат сите потребни мерки за да се заштити животот и имотот од продирање на водата и можноста од други опасни услови“, се наведува во предупредувањето.

Градот Њујорк е предупреден за можност од тропска бура, а градоначалникот Бил де Блазио на Twitter ги повика жителите да останат дома во недела и да го користат јавниот сообраќај доколку мора да патуваат. Од управата за итни случаи велат дека обилните дождови и силните ветришата би можеле да ги поплават коловозите и тротоарите, како и да ја намалат видливоста во текот на викендот.

„Обезбедете ги надворешните објекти и погрижете се да сте на сигурно место пред почетокот на ветерот и дождот“, твиташе њујоршкиот комесар за управување со вонредни ситуации, Џон Скривани,

Од NHC, исто така, предупредија дека ураганот Хенри би можел да подигне бранови високи до метар ипол по должината на брегот на Њу Ингланд, налети на ветар со брзина од 120 километри на час и обилни врнежи од дожд од 8 до 15 сантиметри или дури 25 сантиметри во изолирани области.

Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, во саботата прогласи вонредна состојба, предупредувајќи го населението во области склони на поплави да се преместат на повисоки области.

Гувернерите на Масачусетс, Чарли Бејкер, и на Кенктикат, Нед Ламонт, пак, во своите сојузни држави ја активираа Националната гарда за да помогне во можните операции на спасување, чистење од наноси и остатоци и за јакнење на јавната безбедност.