Истрага за нелегално профитирање од новите тарифи

Американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос, објави дека започна истрага за неодамнешното зголемување на цените на челик за да се утврди дали некои учесници на пазарот „незаконски профитираа“ од новите тарифи на САД.

Рос изјави за финансискиот одбор на Сенатот дека цените на челикот на пазарот во САД скокнаа значително повеќе од оправданите 25 отсто зголемување на тарифите, како резултат на шпекулативните активности на некои пазарни посредници кои задржуваат залихи.

Тој, исто така, додаде дека тарифите за увезениот челик од Канада и Мексико би можеле да бидат укинати ако преговорите за Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА)се интензивираат и резултираат со нов договор.