4.8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2024

Истражување: 20,7 отсто од населението во Србија развило имунитет на коронавирусoт

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата на коронавирусот, 20,7 отсто од населението во Србија стекнало имунитет на вирусот, а најотпорни се младите под 19 години, покажуваат резултатите од втората национална студија за серопреваленција за SARS-CoV-2.

Според споменатото истражување, секоја трет испитаник или 31,8 отсто во оваа возрасна група има IgG антитела, односно природно стекнат имунитет откако биле заразени, пренесува агенцијата Танјуг.

Од вкупното население во Србија, најзаштитени се жителите на Крагуевац, Ужице, Чачак, Ваљево и Шабац. Резултатите од студијата покажуваат дека во овие области секој петти, односно 23,1 отсто од популацијата има антитела.

Студијата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства или вкупно 2.500 испитаници.

Наодите од студијата спроведена од Институтот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Белград во соработка со Институтот за примена на нуклеарната енергија допрва треба да бидат објавени, а директорот на Институтот, професорката Татјана Пекмезовиќ за Новости потврди дека е завршена и дека ќе биде објавен наскоро