Истражувањето на ИПСОС покажува ВМРО-ДПМНЕ има 31 а СДС 8,5 отсто – довербата на граѓаните обврзува на резултати, вели Мицкоски

Како политичка партија генерално најмалку двапати, а некогаш и трипати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш месечно телефонски го мериме тоа јавно мислење, нормално на стратифициран кредибилен пример користиме услуги на надворешни агенции. Најмалку еднаш месечно имаме и теренска анкета исто така стратифицирана за која исто така користиме надворешни услуги. Реално во декември месец кога би се споредил оној период од нова Влада можеби за нас е месец кога го имаме историски најсилниот пик како политичка партија“, истакна Премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен Македонија повторно твоја.

Мицкоски потенцираше дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од трипати.

„Последната теренска анкета која ја правеше за нас агенцијата ИПСОС, агенцијата со која имаме долгогодишен договор и оваа теренска анкета на агенцијата ИПСОС покажува навистина драматични разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 30-31%, СДСМ е помеѓу 8,5-9% отприлика таа е разликата и динамиката со која се формира разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ таа е повеќе од 3 пати, 30-31% наспроти 8,5-9% каде што се движи СДСМ и таа доверба од граѓаните тие нас не обврзува и таа треба да ја оправдаме“, заклучи Мицкоски.