Исус на сон му рекол да изгради црква – локален поп не му дозволува да гради

На Андон Казларов, Македонец од Албанија му се сонил сон да изгради православна христова црква на света локација во селото Леска, каде речиси сите жители се од македонска националност.

Овој човек побарал и добил поддршка од сите институции во Албанија, меѓу кои и поранешниот премиер Сали Бериша, кој лично се нафатил да ја поддржи оваа иницијатива, но сега се соочува со пречки од локалниот православен свештеник кој ги избришал списоците од оние кои ја поддржуваат изградбата.

Проблеми се јавиле со владиката на Корча, кој дал точки, а жителите ги прифатиле сите и ги исполнале, по што таа пречка била надмината, но локалниот поп и понатаму не дозволува градба.

Андон досега, освен од албанските власти и од локалното население Мала Преспа добива поддршка и од целокупната јавност, а ја бара и од македонската православна црква, како и институциите во земјава.

Досегашните средства, во износ од околу 4500 евра, се собрани од народот и се планирани да бидат инвестирани во изградба на светиот објект.