Повеќе од 140 мигранти од бродот „Humanity 1“, со кој управува германската хуманитарна организација „SOS Humanity“ се истоварија во сицилијанското пристаниште Катанија, при што здравите мажи се задржани на бродот, соопшти во неделата портпаролката на организацијата.
Портпаролката додаде дека екипажот во текот на изминатата ноќ добил дозвола да влезе во пристаништето на источниот брег на италијанскиот остро.
Малолетниците биле први истоварени, а повеќе од 30 возрасни мажи останеле на бродот за да бидат подложени на медицински прегледи.
Станува збор за мерки во согласност со мигрантските политики кои неодамна ги најави министерот за надворешни работи Матео Пјантедоси. Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони ја заостри миграциската политика откако ја презема власта кон крајот на октомври.
Иако на повредените мажи, жените и децата ќе им биде дозволено истоварувањето, главно за патниците ќе бидат одговорни земјите во коишто се регистрирани бродовите за спасување на море на невладините организации. Во случајот на „Humanity 1“, таа земја е Германија.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во изјава за неделното издание на весникот Il Messaggero ја повика Европската унија на решавање на проблемот со мигрантите кои со чамци се обидуваат да влезат во земјите членки.
„Не можеме да го претвориме Медитеранот во гробишта, но мораме да знаеме кој е на бродот, од каде се и каде се собрани“, вели Тајани додавајќи дека е исправно да се прифатат болните, жените и децата.
Три други брода, со кои управуваат хуманитарни организации и ткн приватни спасувачки организации и кои ги пренесуваат мигрантите, се наоѓаат близу источниот брег на Сицилија во неделата чекаат одобрување да впловат во пристаништата. Бродовите „Rise Above“, „Geo Barents“ и „Ocean Viking“ наводно вкупно превезуваат 900 наводно спасени мигранти.