Италија има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ

Италија имала најголем број автомобили по глава на жител во Европската унија во 2023 година, со 694 патнички возила на секои 1.000 жители, објави во вторникот италијанската статистичка служба Istat.

Податокот се споредува со просекот во ЕУ од 571 автомобил на секои 1.000 жители.

Националната агенција за статистика притоа наведува дека бавно оди преминувањето на автомобили коишто помалку ја загадуваат животната.

Хибридните возила сочинуваат 6,9 отсто од автомобилите во регионалните главни градови, а само 0,6 отсто се електрични.

Istat објави дека 47,4 отсто од автомобилите во Италија работат на бензин, што е намалување за 0,8 процентни поени на годишно ниво од 2015 година, додека 35,2 осто се движат на дизел, што е намалување за 0,3 процентни поени на годишно ниво од 2015 година.