Италија: Матарела се согласи на втор претседателски мандат

Una veduta esterna del Palazzo del Quirinale, Roma, 29 gennaio 2022. ANSA/ALESSANDRO DI MEO

Италијанскиот претседател Серџо Матарела се согласи на извршување на вториот седумгодишен претседателски мандат, откако коалициски партии побараа од него да ја преиспита одлуката да се повлече од должноста откако следната седмица ќе му заврши мандатот, соопшти во саботата министерството за регионални прашања.

„Подготвеноста на претседателот Серџо Матарела да го одработи вториот мандат, што го бараше големо мнозинство политички партии, го покажува неговото чувство за одговорност и приврзаност на земјата и нејзините институции“, изјави министерката за регионални прашања Маријасетла Гелмини.

Осумдесетгодишниот Матарела првично ја исклучи можноста да остане на должноста, но имајќи предвид дека неможноста да се избере негов наследник ја загрози политичката стабилност на земјата се сметаше дека е малку веројатно дека ќе го отфрли притисокот да остане.

Лидерот на Демократската партика (PD) од левиот центар, Енрико Лета, кој се залагаше за реизбор на Матарела, за новинарите рече дека му изразува „огромна благодарноста на претседателот Матарела на неговата великодушна одлука“.

Претседателите на двата дома на италијанскиот парламент заминаа претходно во саботата во претседателскиот дворец Квиринале, некогашно папско седиште во центарот на Рим, за да го замолат Матарела да остане на должност, откако пратениците и претставниците на регионите не успеаја да изберат претседател во саботата и по седмиот круг од гласањето.

Досега самиот Матарела воопшто не даваше коментари за јавноста.