Италија во петокот направи чекор поблиску до изборот на првата претеседателка на Републиката во истроријата пткако по пет дена застој и повеќепати повторените гласање ги присили партиските членови да побараат компромисно решение.
Политички извори наведуваат дека веројатната кандидатка Елизабета Белрони, дипломатка од кариера коај е на чело на безбедносните служби, покрај министерката за правосудство Марта Картабија којашто, исто така, во конкуренција.
„Работам на тоа да имаме паметан жена за претседателка. Се надевам дека сутре ќе имаме затворање“, изјави доцна вечерта челникот на десничарската партија Лига, Матео Салвини, за новинарите по состаникот на двете главни партии од левиот центар Демократската партија (PD) и Движењето пет ѕвезди (M5S).
Џузепе Конте, лидерот на М5S, исто така, изјави дека сака дежа да го замени на должноста претседателот на заминување Серџо Матарела, чиј седумгодишен мандат истекува следната седмица.
„Многу сум среќен што и другите политички опции покажуваат дека сакаат да се согласат околу изборот на влијателна жена на таа должност“, напиша Конте на Twitter.
Иако станува збор за главно церемонијална должност, претседателот на Италија има значителни овластувања во време на политичките кризи, од распуштање на парламентот до изборот на нов премиер и одбивање мандат за кревките коалиции. А на Италија повеќе од кога и да е ѝ е потребна стабилна личност, бидејќи разнородните партии во коалициската влада на бирократскиот премиер Марио Драги веќе се препираат поради изборите следната година и можниот хаос, лесно би можеле да го загрозат користењето на драгоцените пари од европскиот фонд за закрепнување.
Во Италија 1.009 претеници во парламентот и регионалните претставнции го избираат претседателот со тајно гласање.Претходно во петокот челниците на десниот центар од Лига, Напред Италија и Браќа на Италија ги налутија своите опоненти наложувајќи им на своите пратеници да гласат за конзервативната претседателка на горниот дом Сенатот, Елизабета Каселати наместо да бараат кандидат со конензус. Но Каселати добнир само 382 од потребните 505 гласови.
Ни трите круга од гласањето оваа седмица не успеа да го донесат победникот, кој би требало во првите три круга да бодие двотретинско мнозинство, додека во следните гласање му е потребно просто мнозинство.
Премиерот Марио Драги беше фаворит, но партиите се загрижени дека неговото преземање на претседателската должност би можело да доведе до паѓање на владата и расписување на предвремени избори.