Најмалку 13 луѓе загинале а уште три други лица се повредени во неделата кога се урнала кабина од жичницата која ги поврзува езерото Маџоре со блиското алпско возвишение Мотароне во северниот регион Пиемонт, објавија спасувачките служби и локалните власти.
Жичницата којашто го поврзува местото Стрезо на езерото Маџоре и врвот на Мотароне висок 1.491 метар ги превезува локалните жители и бројните туристи.
„Скршни сме од болка“, изјави за телевизајата RAI, Марсела Северино, градоначалничката на Стрезо.
Несреќата се случила додека кабината се приближувала до третиот столб блузи највисоката кота на 300 метри до крајот. Кабината, веројатно поради попуштање на сајлата, паднала од височина од 20 метри и се тркалала по падината додека не ја сопрело стебло во непристапен терен, соопшти горската спасувачка и спелеолошка служба.
Планинарите кои пешки се искачувале, слушнале голем тресок, поради што се смета дека прчината е пукање на носечкиот кабел. Претставниците на локалните власти за телевизијата SKY изјавиле дека некои од жртвите биле извлечени од кабината, а другите биле расфрлени по падината.
Патолозите започнале со идентификацијата на жртвите, меѓу кои има и странски државјани, соопштија локалните власти без дополнителни поединости.
Претходно беше објавено дека со медицински хеликоптери во болница во Торино се пренесени во критична состојба две деца на 9 и 5-годишна возраст.
Лука Кари, портпаролот на пожарникарската служба, изјави дека сѐ уште не се знае колку луѓе имало во кабината која имала капацитет за 40 патници.
„Нашите тимови сѐ уште извлекуваат тела“, изјавил Кари.