Најмалку осум лица загинаа при пад на кабина на жичница во близина на езерото Маџоре во северна Италија.
Жичницата превезувала патници од градот Стреза кон планините Мотароне, а во кабина имало вкупно 11 патници, вклучително и две деца кои итно биле пренесени во болницата во Торино во критична состојба.
-Кабината на жичницата паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума. Кабината е целосно смачкана, истакнал Валтер Милан од Alpine Rescuea, а пренесува Corriere Della Sera.
Планинска служба за спасување и служба за итни случаи со хеликоптери излегоа на местото на настанот.
Инаку, жичницата тргнува од градот Стреза, на брегот на езерото Маџоре и превезува патници на околу 1.500 метри надморска височина. Ова е многу популарна туристичка дестинација и во лето и во зима.