Италија стана третата земја во светот со повеќе од 30 илјади почината како последица од заразување со новиот тип коронавирус, но бележи пад на новозаболените, соопшти во петокот на редовната прес-конференција во Рим италијанската Агенција за цивилна заштита.
Во последното деноноќие од четвртокот кон петокот, во Италија починале уште 243 лица, 31 помалку отколку во претходните 24 часа. Со тоа вкупниот број на починаите во оваа земја од 21-ви февруари се искачи на 30.201 човек. Единствено САД и Велика Британија имаат повеќе починати.
Велика Британија во петокот објави дека во земјата во последните 24 часа починале 626 луѓе, па вкупната бројка сега изнесува 31.241 починат. Но експертите преудпредуваат дека станува збор за бројка во која не се вброени жртвите на болеста во домовите за стари лица, каде што се проценува дека има уште повеќе илјади починати.
Регестрирани се 1.327 новозаболени, малку помалку од претходното деноноќие кога имаше 1.401 заразен, додека во периодот на пикот на епидемијата во март се бележаа и по шест илјади случа на зараза во 24 часа. Вкупниот број инфицирани со вирусот SARS-CoV-2 во Италија во петокот изнесува 217.185 лица. Повеќе инфицирани имаат само САД и Шпанија
Бројот на закрепнатите од короанвирусот во Италија се зголеми во петокот за 2.747 луѓе, достигнувајќи 99.023 пациенти од почетокот на епидемијата, Во моментов 87.961 пациент се води како заразен со коронавирусот, од нив повеќе од 14.500 бројка се хоспитализирани, а на одделите за интензивна нега се згрижени над илајда пациенти. Бројот на забилените во последното деноноќие се намалила за 1.666 лица. Ден претходно оваа бројка беше намалена за 1.904 лица.
„Линијдата е надолна, тоа продолжува и тоа е добар податок. Има региони со значителна циркулација на вирусот, други со средна и трети со мала. Но, помалку ја намалуваме бројката случаи во сите региони, вклучително и во Ломбардија“, изјави претседателот на Високиот институт за здравство, Силвио Брусаферо.
Од 4-ти мај италијанските власти симнаа дел од строгите ограничувања кои беа на сила од средината на март со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Со најавата за релаксирање на мерките на карантин, владата рече дека го задржува правото да ги врати ограничувањата доколку здравствената ситуација во земјата го наложува тоа. Моменталните мерки на сила ќе бидат уште две седмици, но со поволниот тек на настаните во врска со коронавирусот веројатно на 18-ти мај ќе стапат на сила нови олабавувања на мерките. Истовремено некои региони на северот и југот на Италија самостојно дополнително ги ублажија мерките.