Италија во четири етапи ќе активира различни сектори од економијата

Излезот од вонредните мерки поради коронавирусот во Италија ќе биде спроведен во четири фази, при што првата ќе почне в понеделник, 27 април, објавија италијанските медиуми, но Владата се уште нема ништо официјално соопштено.

Четири понеделника по ред ќе го утврдат темпото на деблокада на земјата по изолацијата, воведена на 9 март, за да се спречи ширењето на Ковид-19, пишува весникот „Кориере дела сера“.

– Се ќе зависи од кривата на зараза, и доколку таа не се зголемува, дел од фабриките ќе можат да продолжат со работа на 27 април, наведува весникот.

Доколку нема изненадувања, градежништвото, текстилната и модната индустрија ќе почнат да функционираат на 4 мај.

Следниот понеделник, 11 мај, ќе се отворат продавници за облека и обувки, проследени со други продажни места.

Во четвртиот понеделник, 18 мај, ќе биде ред за отворање на барови, ресторани и фризерски салони.