Италија воведе полициски час

Италија воведува полициски час на цела територија од 21 часот навечер до наутро, за „Sky TG 24“ телевизијата потврди заменик министерката за работа Францеска Пиљези.

Одлуката е донесена на состанок на владата на прмиерот Џузепе Конте.

Новата мерка која денеска ќе биде објаснета од премиерот предвидува забрана за интеррегионални движења, а сите оние кои мораат од било каква причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час мора да имаат лична потврда за оправданоста да бидат надвор од домовите.

-На жал мора да ја жртвуваме директната настава и за сите ученици од средните училишта наставата ќе се одвива онлајн, а се уште не е одлучена дали онлајн настава ќе следат и учениците од основното образование, изтакнала заменик министерката.

Со новите мерки се предвидува намалување на градскиот сообраќај за 50 проценти, шопиг центрите да бидат затворени за време на викендите, а се затвораат и музеите, баровите, салите за видео игри, изложбите.