Италија забележа нови 117 смртни случаи од коронавирусот

Во Италија бројот на смртните исходи поврзани со коронавирусот во средата е 117, што претставува значително зголемување во однос на вторникот кога починаа 78 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, која потврди дека е зголемен и бројот на новозаразените кои во средата ги имало 584 во однос на 397 ден претходно.

Вкупниот број на починатите од Covid-19 од почетокот на избувнувањето на епидемијата на 21-ви февруари во Италија се зголеми на 33.072 луѓе. Со тоа Италија го има третиот најголем број починати во пандемијата зад САД и Велика Британија.

Заразата со новиот коронавирус во Италија досега е потврдена кај 231.139 лица, што е пак, шестиот највисок број во светот по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија.

Во моментов во Италија има малку помалку од 51.000 лица кои се третираат како заболени од коронавирусот, додека ден претходно ги имаше малку помалку од 53.000. На одделите за интензивна нега во средата имаше 505 лица, помалку отколку во вторникот кога ги имаше 521 пациент, со што се одразува намалувањето на ваквите пациенти што трае подолг период. Од сите досега заразени, до средата оздравени и испишани од болниците се 147.000 пациенти.

Од Агенцијата за цивилна заштите наведуваат дека досега во Италија, со околу 60 милиони население, спроведфени се 2.29 милиони тестирања на коронавирусот.