Бројот на смртните случаи како последица од заразата со новиот тип коронавирус во Италија и во средата се зголеми за повеќе од 700 лица, а високи функционери предупредуваат дека населението сѐ потешко го поднесува долготрајниот карантин како една од мерките за запирањето на ширењето на епидемијата во земјата.
Агенцијата за цивилна заштите објави на редовниот брифинг во средата попладнето дека нови 727 смртни случаи се поврзани со Covid-19, а дека вкупниот број на досега починатите се зголемил на 13,155 лица, што е најголемата бројка во светот.
Вкупниот број на заразените, вклучително и оние кои во меѓувреме оздравеле и починале, изнесува 110.754 лица, што е дневен раст од 4,5 отсто, додека во вторникот ова зголемување изнесуваше 4 отсто. Италијанските здравствени власти, пак, наведуваат дека кривата на заразата го достигнала својот врв, и дека треба да се вложи уште повеќе труд за бројот на заразените да почен да опаѓа.
Министерот за здравство, Роберто Спренца, во текот на говорот во парламентот предупреди преку „поедноставениот оптимизам кој би можел да ги поткопа досегашните напори; првите позитивни заница не значат дека опасноста минала“. Потврди дека националниот карантин, кој треба да истекне на 3-ти април ќе биде продолжен до 133-ти април, поточни до Велигденскиот понеделник.
Училиштата се затворени, најголемиот дел од проданиците и фабриките се затворени, јавните собири и масовните настани како спортските, на пример, се забранети, а луѓето не смеат да ги напуштаат своите домови, освен доколку не мора да одат на работа, за итно решавање или да купуваат храна.
„Општественото незадоволсто, појавено поради карантинот, е еден од повачните апсекти на кризата“, изјави за група странски новинари Агостино Миоцо, висок функционер на Агенцијата за цивилна заштита.
„На почетокот од кризата фокусот беше ставен на спасувањето на животите, но сега кога целата земјата е дома… сфаќаме дека ова е многу стресна ситуација“, рекол Миоцо.
Притоа ги споменал конкфиктните ситуации во редовите пред супермаркетите, како и растечкиот ризик од семејно насилство, како јасен знак од зголемените социјални тензии.