Италијанците уживаа на отворено пред затворањето

Додека делови од Италија се подготвува да воведе построги рестрикции и ограничување, многумина ја искористија моменталната слобода викендот да го проведат времето на отворените простори.

Од понеделникот многу ученици ќе се вратат на учење на далечина, вклучително и во регионите Базиликата и Милисе во јужна Италија, кои ќе бидат во „црвената зона“, каде што ќе биде воведено целосно затворање, изјави во саботата министерот за здравство Роберто Сперанца.

Во Милано можеа да се видат поголеми групи луѓе собрани на градските плоштади и во пешачките зони, пред регионот Ломбардија чиј центар е, да стане „портокалова зона“, според италијанскиот систем за прописите воведувани во пандемијата на коронавирусот по зони. Полицијата, сепак, делумно ги затвори приодите кон популарните делови од центарот на Милано.

Регионите Пиемонт и Марке, сито така, ќе бидат во „портокаловата зона“. Според ограничувањето за „портокаловите“ области, ќе бидат затворени рестораните и на населението ќе им биде изабрането да ги напуштаат местата на живеење или престојување.

Во „црвените зони“ населението ќе мора да остане во своите домови, додека ќе смеат да одат на работа, да излегуваат од домовите доколку имаат здравствени причини или итни обврски.

Бројот на заразените во Италија недомана се зголеми на 100.000 жители во периодот меѓу 15-ти и 21-ви февраури со 145 случаи на зараза на оваа популација. Претставниците на министерството за здравство очекуваат раст на показателите, и иако изразија жалење поради затворање на училиштата, велат дека е потребо „прагметично“ да се дејствува.

Во неделата здравствените влати пријавија 17.455 нови случаи на зараза со коронавирусот и 192 нови смртни исходи како последица од Covid-19. Со последните податоци вкупниот броој регистрирани случаи од почетокот на пандемијата се искачи на 2,92 милиони заразени и 97.699 смртни исходи.