Италијанец ги спаси ќерката и другарките од давење и почина од срцев удар

Жител на италијанскиот остров Сардинија починал на плажа откако им протекнал на помош на неговата 13-годишна ќерка и нејзините две пријателки, пренесува во петокот новинската агенција AGI.

Трагедијата, според извештакот на карабинерите, се одиграла околу 14,30 часот по локано време на плажата Гутуру де Флумини во местото Арбус на јужниот брег на овој островски автономен регион, кога Фернандо Порку, на околу 65-годишна возраст, од плажата забележал дека големите бранови ги поклопуваат трите девојчиња без двоумење притрчал да им помогне.

Откако по повеќеминутни наппори успеал да ги извлече безбедно тинејџерките на брегот, на мажот му се слошило и паднал во плиткото. На плажата била повикана екипа на брзата медицинска помош, но лекарите по пристигнувањето и обидите за реанимакција можеле да констатираат само смрт од срцев удар.

Спасената ќерка поради проголтување големо количества вода и шокот кога ја видела лошата состојба на татко си, со медицински хеликоптер била пренесена во болница во Калјари, каде ѝ била укажана медицинска помош а лекарите соопштиле дека не е во сериозна состојба. Другите две девојчиња се во добра состојба, пренесува агенцијата Ansa.

Италијанските медиуми пишуваат дека петокот бел ден проследен со трагедии во местата на коишто Италијанците традиционално во текот на летните горештини одат на разладување и реакреација.

Притоа се додава дека денеска, исто така, е пријавено давењето на 32-годишник по потекло од Јужна Америка во водите на езерото Маџоре кај Стреса, каде во мај се случи трагедијата на жичницата кога загинаа 14 лица. Починатиот со своето семејство и пријатели бил на устиоето на рекичката Селва Спеса и се нурнал да им помогне на децата но не се појавул уште еднаш на површината.

На езерото Комо над Милано, пак, во судир меѓу чамци во петокто попладнето пијавена се еден загинат и двајца повредени, соопштила протипожарната служба чии припадници телото на жртвата го извадиле на брегот. Сѐ уште не се познати околносите за оваа несреќа.