![Бил-Гејтс](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/Bil-Ge-ts.jpeg?resize=660%2C371&ssl=1)
Италијанската пратеничка Сара Куниал одржа говор што ретко се слуша во кој било парламент во светот, бидејќи таа во своето обраќање ги повика колегите пратеници да им се спротивстават на плановите за задолжителна вакцинација против коронавирусот, а исто така побара да се уапси милијардерот Бил Гејтс, оти, како што рече, направил злосторства против човештвото, објавија италијанските медиуми, пренесе „Информер“.
– Зад ваквите напори стојат корумпирани елити – рече Куниал, посочувајќи го Бил Гејтс како еден од главните виновници зад кампањата за масовно вакцинирање.
Освен тоа што го обвинува милијардерот за стерилизирање милиони жени во Африка и парализирање стотици илјади деца во Индија, Куниал ги додаде и ГМО и 5Г технологогијата во листата на геревовите на Гејтс.
– Вистинската цел на сето ова е тотална контрола. Апсолутна доминација врз човечките суштества, претворени во заморчиња и во робови, кршење на суверенитетот и на слободната волја – рече Куниал.
Дел од нејзините колеги пратеници се обидоа да го прекинат нејзиното излагање, но собранискиот спикер наложи ред затоа што, како што истакна, во слободен парламент секој има право да го искаже своето мислење.
Куниал потоа побара од италијанскиот премиер Џузепе Конте да го изведе Гејтс пред меѓународната правда, освен, како што посочи таа, ако самиот Конте не е дел од глобалниот заговор.
– Следниот пат кога ќе ви се јави филантропот Гејтс, проследете го повикот до Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото – му порача пратеничката на Конте.