Италијанскиот десен блок е на патот да освои убедливо мнозинство во двата дома на парламентот на изборите подоцна во септември, покажуваат проекциите засновани ја последните анкети пред во сабота да настапи забраната за нивно објавување.
Десната партија Браќа на Италија (FdI), која ги влече корените од постфашистичките партии и која доминира со конзервативниот сојуз, би требало да биде најголемата поединечна партија на изборите на 25-ти септември, посред најновите истражувања кои покажуваат дека таа ја зголемува предноста пред левоцентристичката Демократска партија (PD).
Студијата на Институтот Катанео, заснована на анкетите спроведени до 31-ви август, покажуваат дека конзервативниот блок би можел да има најмалку 258 од 400-те претставници во Претставничкиот дом и 131 до 200 мандати во Сенатот.
Проценета е веројатноста од 91,5 отсто дека сојузот кој го сочинуваат Браќа Италија на Џорџа Мелони, Лига на Матео Салвини и Напред Италија (FI) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, ќе има апсолутно мнозинство во двата дома на парламентот.
Според процените, левиот центар предводен од PD на Енрико Лета ќе имаа 88 пратеници во долниот дом и 44 во горниот дом, додека остатокот од мандатите би бил поделен меѓу партиите надвор од овие главни блокови.
Италијанскиот изборен закон им дава предност на партиите коишто формираат широки коалиции, зајакнувајќи ја во моментов предноста на десниот блок во однос на поделените противници од левицата.
Браќа на Италија има поголема поддршка од партиите на Салвини и Берлускони заедно, па Мелони се наоѓа во добра позиција да стане првата во историјата италијанска премиерка.
Додека изборниот победник е изгледен, анкетите покажуваат промени во последните неколку седмици, по подолгиот стабилен период. Движењето укажува дека популарноста на Браќа на Италија пораснала, додека на Демократската партија опаднала.
Истовремено порано евроскептичното и антиестаблишмент Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ), сега наклонета кон левицата под водство на поранешниот премиер Џузепе Конте, ја преминал Лига во последните три анкети и станало третата најсилна партија.
Последната анкета на институтот Ipsos која ја објави дневниот весник Corriere della Sera во петокот покажува дека Браќа на Италија може да смета на поддршка од 25 отсто, Демократската партија на 20,5 отсто, Движењето пет ѕвезди на 14,5 отсто, а Лига на 12,5 отсто од гласачите.
По годините жестоки внатрешни судири и напуштањето на основачите, аналитичарите предвидуваа скорешно замирање на Движењето пет ѕвезди, но се чини дека Конте на поранешната ткн протестна партија и даде појасен левичарски идентитет. Така, сега партијата ги привлекува левите гласачи на штета на Демократската партија.
Според студијата на Институтот Катанео, Движењето пет ѕвезди би добило само 28 мандати во долниот дом, а 15 во Сенатот.
Меѓу позначајните партии надвор од коалицијата на десниот центар и коалицијата на левиот центар, како што официјално се нарекуваат овие сојузи, е партијата Акција на поранешниот претприемач Кало Календа која не надминува 7 отсто според повеќето анкети. Ова партија може според тоа да смета на 15-ина мандати во Пратеничкиот дом и на четири сенатори, според проекциите на Институтот Катанео.,