
Италијанските власти заплениле илјадници археолошки артефакти и издале 21 налог за апсење, откако разбиле мрежа ограбувачи и трговци со древни предмети.
Италијанската полиција во соопшти дека криминалната мрежа вклучувала ограбувачи, како и локални и меѓународни криумчари со оперативни бази во јужниот град Бари и со ограноци во околниот регион Пуља, како и во соседни Кампања и Лацио.
Полиција потврди дека запленила илјадници артефакти, вклучително древни златни, сребрени и бронзени монети, како и керамика во нелегалните археолошки ископувања во таа област.
Новинската агенција ANSA извести дека се запленети 3.600 артефакти кои датираат од периодот меѓу шестиот и првиот век пред нашата ера. Агенцијата извести и дека секој од предметите има вредност проценета на меѓу 10.000 и 60.000 евра.
Во операцијата водена под кодниот назив „Канузиум“, во која биле вклучени повеќе полициски агенции од државно до регионално ново од повеќе италијански региони, вкупно 51 лице е осомничено, уапсени се 16 лиц а за 21 е одредена мерка на претпазливост.