Италијанската премиерка го свика комитетот за безбедност поради мигрантите

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека во понеделникот го свикала министерскиот комитет за национална безбедност со цел нејзината влада што поуспешно да се справи справи со проблемот на зголемениот број мигранти.

Италија има проблеми во грижата за мигрантите кои доаѓаат од Северна Африка и од Балканот, а италијанскиот Црвен крст во понеделникот побара посилна меѓународна реакција на „хаосот“ предизвикан од доаѓањето на мигрантите.

Мелони по седницата на кабинетот соопшти дека го активирала Меѓуресорскиот совет за безбедност на Републиката (CISR), кој ќе остане трајно оперативен за да се реши проблемот со зголемениот број мигранти.

„Нашата цел е да го решиме проблемот на прагматичен начин, со брзи и координирани одлуки“, рече Мелон, која својата политичка кариера ја заснова на борбата против илегалната имиграција.

Според податоците на министерството за внатрешни работи, изминатата година по морски пат во Италија пристигнале околу 113.500 имигранти, додека претходната година влегле околу 55.800.

Статистиката покажува дека во изминатите три дена имало најмногу, 2.300 во петок, повеќе од три илјади во сабота и речиси илјада во неделата.

Италијанската влада ги ограничи активностите на хуманитарните спасувачки бродови, заплени три од нивните бродови минатата седмица, бидејќи мигрантите коишто ги собират на отворено море и во меѓународните води ги пренесуваат до италијанските пристаништа.

Но, бидејќи земјата се соочува со намалување на населението и недостиг од работна сила, таа ја зголеми влезната квота за работници мигранти кои не потекнуваат од земјите членки на Евроспката унија на 452.000 лица за периодот 2023-2025 година, од околу 83.000 во 2022 година.

Во понеделникот, 56 невладини организации издадоа заедничка изјава во која ја обвинија владата во Рим дека ја попречува работата на хуманитарните организации на море и предупредија дека многу, ако не и сите од нив, би можеле да ги прекинат своите операции како резултат на тоа, доведувајќи ги животите на мигрантите во опасност.