
Италијанскиот премиер Џузепе Конте именуваше двајца нови министри во саботата, и изнесе амбициозна програма за следната година, вклучително и реформа на правосудниот систем и на државната администрација.
На тричасовната прес-конференција на крајот од годината, премиерот Џузепе Конте го обвини опозицискиот десничарски лидер Матео Салвини за „ниско“ политичко однесување и повика на единство на нестабилната коалиција која ја поддржува неговата влада.
„На политиката не ѝ се потребни судири. Полемиките и нагласувањата не ни помагаат“, изјави Контер алудирајќи на честите кавги меѓи поранешното евроскептично и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, партијата од левиот центар Демократска партиа и помалите центристички и левичарски партии.
Пополнувајќи го празното место по оставката на министерот за образование Лоренцо Фиорамонти од Движењето пет ѕвезди кој поднесе оставка во средата протестирајќи против недоволното финансирање на образованието, Конте рече дека тој го поделил ова министерство на два ресора.
За нова министерка за училишта ја именуваше Луција Азолина, исто така од Движењето, а за министер за универзитети и истражувања, рекоторот на неаполскиот универзитет, непартискиот технократ Гаетано Манфреди.
Три сенатора од Движењето пет ѕвезди претходно во декември се приклучија на десната партија Лига на Матео Салвини, а според некои аналитичари сметаат дека другите пратеници од сѐ поподеленото движење, се подготвени да се приклучат на парламентарната група којашто ја води Фиорамонти, но која му е лојална на Конте кој е непартиски премиер.
Конте ,пак, рече дека доколку постојат такви раздвижувања тој не ги одобрува и не сака да има ништо со тоа.
„Не сакам паралемнтарците да го користат моето име за да формираат нова група, што само би придонело владата да биде помалку стабилна“, рече италијанскиот премиер.
Конте, кој е независен технократ, првично беше близок на Движењето пет ѕвезди чиј предлог беше и при формирањата на двете последни влади. Меѓутоа, откако новата влада беше формирана во септември, сѐ повеќе е фален од Демократската партија.
Најави дека во јануари ќе се сретне со владејачките партии за детално да се утврдат приоритетите за 2020 година и вети реформи на државната бирократија која ќе придонесе системот да биде поефикасен.