Италијанската влада ја доби во понеделникот довербата во долниот дом на парламентот за нејзниот предлог на буџетот за 2020 година, и сега парламентот во кој владејачките партии имаат мнозинство треба да го усвојат новиот буџет во износ од 2,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), иако италијанската економија расте значително послабо.
Пратеничкиот дом на италијанскиот парламент го прифати владиниот предлог за буџетот со 334 гласови „за“ , 232 „против“ и четворица воздржани пратеници. Тоа се очекуваше, бидејќи владејачката коалиција на порано евроскептично и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левата Демократска партиja (PD) имаат убедливо мнозинство во долниот дом.
Пратениците по гласањето за довербата треба да го дадат конечното одобрување за законот за буџетот кој ќе изнесува околу 32 милијарди евра. Буџетот е резултат на тешките преговори во владејачката коалиција формирана во август, кога десната партија Лига на Матео Салвини, ја напушти владата во обидот да предизвика предвремени избори и да го искористи водечкиот рејтинг. Но порано крајно спротиставените политички противници PD и М5Ѕ, која го смени ракурсот по смената на водството на движењето и од поединечно водечка партија стана втора по рејтингот, ги избегнаа предвремените избори.
Главната буџетска мерка е одложувањето на зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), па така владата засега нема да може да смета на дополнителни 23 милијарди евра. Првично, ДДВ-то требаше да биде зголемен во 2020 година.
Со буџетот се намалува данокот на приход, се зголемуваат субвенциите за родителите, од јули се воведуваат даноци на еднократната пластика а од октомври и на засладените пијалаци, и поголем акцент се става на борбата против затајувањето на даноците.
Владата планира да го задржи буџетскиот дефицит на 2,2 отсто од БДП-то. Во моментов италијанскиот јавен долг изнесува 135,2 отсто од БДП-то, а БДП-то расте за 0,6 отсто поради што Италија често се соочува со критики од Брисел за фискална неодговорност. Така следната година ситуацијата ќе биде речиси непроменета во однос на 2019-та, спо благо поголем раст, ист дефицит и незначително помал долг.
Италија, третата најголема економија според обемот во еврозоната, покрај Грција е единствената членка на еврозоната чиј БДП до денес не е вратен на нивото од пред избувнувањето на финансиската криза во 2008 година.