Во саботата околу 11.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје од полициски службеници бил приведен M.Д. на 36 години од Италија, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и физички го нападнал 46-годишнио З.Ј. од Скопје, вработен како обезбедување.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка, а за случајот е известен судија по претходна постапка.