Активностите во италијанската економија се намалила во второто тримесечје, имајжи предвид дека послабите резултати во индистријата и земјоделството ги надвладеале над растот на секторот услуги, извести статистичкото биро Istat.
Италијанскиот бруто домашен производ (БДП) се намапил во периодот од април до јуни за 0,3 отсто во однс на претјодното тримесечје кога порасна за 0,6 отсто, покажуваат сезонските и календарски прилагодени прелиминарни податоци на статистичарите.
Во однос на истиот минатогодишен период пораснал за 0,6 отсто, по 2-процентниот раст во првите три месеца годинава, според Istat.
Индустрискиот и земјоделскиот сектор бележеле пад, додека услужниот сектор пораснал, но за овие сфери не се изнесени податоци.
Новите податоци сигнализираат дека владата во Рим ќе има проблеми со остварувањето на зацртаната стапка на раст од 1 отсто годинава, забележува Reuters.
Италијанското министерство за финансии соопшти дека целта „и натаму е апсолутно достижна“. Додаваат дека ќе продолжат со спроведувањето на националната програма за вложувања во постапандемискиот период кој го финансира Европската унија и со мерките за зауздување на инфлацијата.
Во јули инфлацијата се спуштила на 6,4 отсто од јунските 6,7 отсто, според харминизираниот индекс кој овозможува споредба со другите земји од ЕУ.
Цената на храната биле за 10,4 отсто повисоки отколку во ланкиот јули, што значи дека нивниот раст се задржал на јунското ниво.
За да им помогне на најсиромашните граѓани, владата планира оваа седмица да постигне договор со супермаркетите и производителите за контрола на цените на основните потрошувачки добра во последните три месеца годинава.