Италијанскиот претседател стравува за иднината на Италија поради падот на наталитетот

Иднината на Италија е загрозена поради пад на наталитетот, предупреди претседателот Серџо Матарела по објавата на националната агенција за статистика ИСТАТ за падот на бројот на населението во 2019 година.

Растечката демографска криза во Италија, поради се помалку новородени и зголемување на очекуваниот животен век, е една од причините за застојот на економијата.

Националната агенција за статистика ИСТАТ објави дека во 2019 година се родени 435.000 деца, што е за пет илјади помалку од 2018 година и е најмала бројка досега регистрирана во Италија. Минатата година починаа 647.000 луѓе, околу 14.000 повеќе од 2018 година.

– Ова е проблем кој и се заканува на егзистенцијата на нашата земја. Како постара личност, јас сум свесен за падот на наталитетот, изјави додаде 78-годишниот италијански претседател.

Вкупното население на Италија се намали за 116.000 на 60,3 милиони, со постојан пораст на наталитетот на мигрантите, со што се надоместува намалениот наталитет на Италијанците.