Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини во петокот го отфрли тврдењата според кои се договорил со Германија дека ќе прифаќа имигранти кои побарале претходно азил во Италија, и рече дека ќе бара дополнителни отстапки од Берлин.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, инаку голем противник на неконтролираниот прилив на барателите на азил во неговата земја, објави во четвртокот дека осигурил договор со Италија за враќање на имигрантите кои не можат да добијат престој во Германија во оваа држава доколку таму прво влегле на територијата на Европската унија и барале азил. Слични преговори претходно Берлин издејствува со Грција и со Шпанија.
Претходно годинава германската канцеларка Ангела Меркел беше на работ да ја сочува својата влада, по пршањето на миграциите и граничките контроли. Германија од тогаш врши силен притисок врз јужните членки на ЕУ кои се главни влезни точки за барателите на азил, да ги прифата имигрантие кои претходно се регистрирани таму.
Зехофер рече во четвртокот во германскиот парламент како забрзо очекува потпишувањето во договорот со Италија, но Салвини во петокот преупреди дека не е подготвен да го ставен потписот на договорот.
„Мојот потпис сé уште не е таму, затоа што чекам натамошни разјаснувања“, изјави Селвини по конференцијата за имиграциите и безбеднсота во Виена.
Меѓутоа, Салвини рече пред новинарите дека добил потврда некои клучни точки, што вклучува гаранции дека за секој имигрант вратен од Германија во Италија, германските власти германските власти ќе прифатат барател на азил од Италија.
„Мора да постои еднаквост“, рече Салвини. Додаде дека сака да „види достапност и отвореност“ на Германија за двете други прашања, односно за реформа на Даблинските договори во поглед на регулирањето како Европската унија решава барања на барателите на азил, и за ревизија на поморската операција на ЕУ „Софија“, која изведува патроли на Средоземјето.
Италија сака да постои автоматска рамноправна дистрибуција на барателите на азил по Европската унија. Според Даблинските договори барателите на азил останува во првата земја ЕУ, во која влегле. Исто така, Италија сака промена на дејствувањето на Операцијата „Софија“, според која имигрантите собрани во Средоземното Море мора да бидат префрлени во Италија.
Италија стана главна рута за влегување во Европа за стотици улјади нелегални имигранти кои доаѓаат по поморски пат, откако во 2016 година , беше затврена ткн Балканска рута.
Салвини тврди дека Германија од јуни годинава не прифатила „повеќе од двесте“ имигранти, кои првично се регистрирани во Италија. „Значи, во суштина, ќе потпишам договор за можна реадмисија на тие двесте луѓе, доколку се овозможи двесте други имигранти да ја напуштат Италија да оде во Германија“, рече Салвини.